Фејсбук Месинџер „киксна“ во Европа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фејсбук Месинџер, една од најпопуларните апликации за допишување во светот, во одреден период од денешниот ден не беше функционална во голем дел од Европа.

Број корисници пријавуваа дека оваа апликација, која ја користат стотици милиони, а веројатно и милијарди луѓе ширум цел свет, денес извесно време беше надвор од функција, а проблемите се појавиле околу 11 часот.

Според „downdetector“ најмногу проблеми се пријавени во Велика Британија, Франција, Белгија и Полска.