Фејсбук ги поврза Инстаграм и Месинџер – сега може да се разменуваат пораки меѓу двете платформи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После две години подготовки, технолошкиот гигант Фејсбук соопшти дека отсега корисниците ќе можат да разменуваат пораки меѓу Инстаграм и Месинџер.

На Месинџер корисниците ќе можат да ги видат своите Инстаграм контакти и преку Месинџер ќе можат да се допишуваат со тие контакти без промена на апликацијата.

Корисниците преку Месинџер ќе можат да се поврзат со контактите од Инстаграм и да ги организираат и поврзат своите контакти во група за допишување.

Во групните разговори ќе може да се менува позадина, да се прават анкети а сите корисници ќе можат да видат кој подготвува порака за праќање, како што е случај и кај двете апликации.

Фејсбук новата функција ја пушти во употреба од 1 октомври и со најновите ажурирања може да се користи во двете апликации.