Хорор во Србија: Убиено тричлено семејство – телата најдени запалени


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Српската јавност е шокирана по веста дека шест дена од исчезнувањето се пронајдени мртви членовите на семејство од Алексинац.

Таткото Горан Ѓокиќ (57), мајката Гордана (56) и ќерката Лидија (25) исчезнаа во неделата околу полноќ кога се враќаа од Моравац во Алексинац.

Полицијата пронашла запален автомобилот „пасат“ во сопственост на Ѓокиќ, а потоа на десет километри од возилото биле пронајдени и нивните тела покриени со гранки и листови. И телата биле запалени, така што не е познато на кој начин се убиени.

Горан, Гордана и Лидија исчезнале во неделата после полноќ кога се враќаа од Моравац во Алексинац каде беа на вечера кај мајката на Горан, кој е сопственик на менувачница.