Home Спорт Фановите среќни: Бусткетс и Барса се договорија

Фановите среќни: Бусткетс и Барса се договорија

Играчот за врска на Барселона и шпански репрезентативец, Серхио Бускетс наскоро ќе потпише нов договор со Барселона, соопшти „Радио Каталонија“.

Бускетс бараше нов договор и се закани со заминување од „Камп Ноу“ доколку не бидат исполнети неговите барања. Лично претседателот Бартомеу имал средба со фудбалерот, па двете страни постигнале начелен договор.

Имено, Бускетс ќе потпише нов договор до 2023 година, а откупната клаузула во новиот договор ќе изнесува 200 милиони евра.

Интерес за 29-годишниот фудбалер покажуваа ПСЖ и Манчестер Сити, но Бускетс во наредните денови и официјално ќе стави потпис на новиот договор со Барселона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…