Home Спорт Фановите на Интер во транс: Марота спрема летна „бомба“

Фановите на Интер во транс: Марота спрема летна „бомба“

Интер планира да направи вистинска реконструкција на тимот во летниот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.

Покрај сериозните најави дека на кормилото може да дојде Антонио Конте, спортскиот директор Марота веќе работа на големи засилувања на тимот.

Па така, „Газета дело Спорт“ пренесува дека скаути на Интер биле присутни на мечот помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити, а во центарот на вниманието бил Кристиан Ериксен.

Целата идеја настанала кога се појави проблем со Мауро Икарди кој се очекува да го напушти Интер на крајот на сезоната. Раководството на „нероаѕурите“ има идеја парите од тој трансфер да ги искористи за купување на Кристиан Ериксен.

Сепак, тоа воопшто нема да биде лесна мисија за миланскиот клуб, бидејќи конкуренцијата за Данецот е огромна, а силен интерес за него покажува и Реал Мадрид.

Ериксен е спремен да ја промени средината и одби да го продолжи договорот со Тотенхем, но „спарси“ за неговата слобода бараат 100 милиони евра.

Интер може да си дозволи да ја плати таа сума само доколку го продаде Икарди, а во трансферот би можел да биде вклучен и Перишиќ, за кого Тотенхем подолго време покажува сериозен интерес.

Како и да е, не очекува жешко лето на „Џузепе Меаца“…

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…