Европските монархии и богатствата: Еве колку „тежат“ кралските европски лози


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако, кога ќе ви спомене некој поупатен дека британската кралица Елизабета Втора „тежи“ над 500 милиони долари, од таа сума ќе ви запре мислата за миг, сепак, таа е само средно богата кралска претставничка во споредба со другите европски монархии. Иако е најпознат монарх во Европа, Елизабета е далеку од најбогата.

Овие престижни титули им припаѓаат на кралските семејства кои имаат богатство во милијарди, како она на принцот на Монако – Алберт Втори.

Подолу ви ги пренесуваме 10-те најбогати монарси во Европа, а тука треба да се има предвид дека богатството на некои кралски семејства е тешко да се процени и може да вклучува средства, обезбедени од државата како додаток на личното богатство.

10. Крал Филип, Белгија

Богатство: 13 милиони долари

За личната финансиска состојба на кралот Филип има малку податоци, но во 2013 година кралското семејство објави дека е околу 13 милиони долари.

Белгија ги покрива сите директни трошоци на кралот Филип, кои изнесуваат околу 13.801.830 долари во 2013 година, како и некои дополнителни услуги, исто така се финансираат од Владата.

Белгиските кралски имоти се во сопственост на државата или на Кралскиот фонд, финансиски независна и автономна јавна институција. Имотите никогаш не може да се продадат.

9. Крал Фелипе Шести, Шпанија

Богатство: 20 милиони долари

Шпанскиот крал ја намалил својата плата за 20% на 267.447 долари во 2015 година.

Шпанското кралско семејство има осум палати, пет кралски резиденции и десет манастири. Во 2015 година, нивниот кралски начин на живот ја чинел Шпанија 8,9 милиони долари.

8. Кралот Харалд Пети, Норвешка

Богатство: 30 милиони долари

Кралот Харалд не плаќа данок на неговото богатство и потрошил дел од тоа да купи јахта.

Норвешката монархија ја чини државата 72 милиони долари годишно. Во 2017 година норвешката влада одвои 32.214.394 долари за кралскиот двор и 14.888.900 млн. долари за лични трошоци на кралот и кралицата.

7. Кралицата Маргрете Втора, Данска

Богатство: 40 милиони долари

Кралицата Маргрете се искачи на данскиот престол во 1972 година.

Данскa гарантира на кралското семејство 12.8 милиони dолари годишно, кои ги покриваат активностите на кралицата, на кралското семејство и лични трошоци.

6. Кралот Карл XVI Густаф, Шведска

Богатство: 70 милиони долари

Кралот Карл XVI Густаф добил 7.6 милиони долари за службените обврски во 2015 година, а администрацијата на кралскиот дворец добила близу 7.4 милиони долари од државата во истата година.

Во состојбата на кралското семејство е вклучена и сопственоста над летната резиденција Солиден, која е со статус близок до палата.

5. Кралицата Беатрикс, Холандија

Богатство: помеѓу 200 и 300 милиони долари

Кралицата Беатрикс абдицира од тронот во 2013 година, но тоа не и попречи да остане најистакната фигура во холандското монархија.

Актуелниот крал на Холандија Вилем-Александар располага со буџет од 47 милиони долари, кој покрива официјални посети и странски посети. Тој, исто така, има лично богатство, кое се состои од недвижен имот, инвестиции и учество во Shell Oil.

4. Кралицата Елизабета Втора, Англија

Богатство: 500- 600 милиони долари

Состојбата на британското кралско семејство се состои од имот, предмети на уметност и инвестиции. Повеќето од нив доаѓаат од имотот на кралицата, која ги вклучува Бакингемската палата и накитот на круната.

Личната состојба на кралицата Елизабета се проценува на 530 милиони долари, според Форбс.

Во периодот 2016-2017 година, државата и дала околу 57 милиони долари. Кралицата, исто така, добила околу 20 милиони долари од изнајмување на имот.

3. Принцот Алберт Втори, Монако

Богатство: 1 милијарда долари

Се верува дека принцот Алберт Втори поседува една четвртина од земјата во Кнежеството; домот на својата мајка Грејс Кели во реонот Филаделфија кој купува во 2016 година за 754 000 долари; колекција класични автомобили; акции во одморалиште во Монте Карло; и скапа колекција на поштенски марки.

Монако потроши 52.788.294 долари за своето кралско семејство во 2015 година.

2. Големиот војвода од Луксембург Анри

Богатство: 4 милијарди долари

Кралското семејство на Луксембург не добива плата, но добива околу 324.851 долари секоја година од 1948 година, за да ги извршува своите функции.

Буџетот за 2017 година вклучува 12.121.914 долари за трошоци за куќата на Големиот војводата. Сопственоста, управувањето, контролата и приходите од личната состојба на Големиот војводата му припаѓаат на сопственикот на круната.

Богатството на семејството се проценува на 4 милијарди долари.

1. Принцот Ханс Адам II, Лихтенштајн

Богатство: 5 милијарди долари

Принцот Ханс-Адам II добива неоданочливи средства за покривање на трошоците наместо плата во износ од 270.709 долари.

Сумата може да изгледа мала, во споредба со она што го добиваат другите монарси, но состојбата на фамилијата се проценува на 5 милијарди долари, во голема мера поради банката LGT Group, која е во нивна сопственост и инвестициите кои се прават во фондацијата на принцот, која контролира недвижности, шуми и винарии.