Евгениј Поп Ацев спортист на годината на Град Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска му го додели признанието на најуспешниот спортист за 2018 година – пливачот Евгениј Поп Ацев.

На свеченоста што се одржа во салата на Советот на Град Скопје беа прогласени најуспешните, избрани во следниве категории: најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.

„Градот Скопје традиционално се грижи за своите спортисти, Градот внесува новини особено кога е спортот и младите во прашање, а оваа година за првпат за 100 најуспешни спортисти, ученички и ученици, обезбедивме стипендии за осум месеци во текот на учебната година. Сакаме колку што можеме скромно да го помогнеме развојот на спортот и кај младите генерации да направиме едни навики на поздрав живот и спортска култура. Се надевам дека тие млади луѓе во кои вложуваме во следните години ќе постигнат значајни спортски успеси и на домашни и на странски натпревари, особено како што тоа знаат да го направат скопските екипи. Ви честитам на годинешниве успеси, особено на спортистите, а на сите тренери и спортски работници сакам да Ви се заблагодарам за ангажманот за тие да постигнат извонредни резултати на европски и на светски натпревари“, рече градоначалникот Шилегов.

Наградени по категории:

Десет најуспешни спортисти во сениорска категорија (мажи и жени):
1. Евгениј Поп Ацев – Академски Пливачки клуб Студент
2. Бобан Илиоски – Кикбокс клуб Шампион
3. Дејан Недев – Карате клуб Работнички
4. Стојанче Стоилов – АД Ракометен клуб Вардар
5. Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел
6. Ненад Келебиќ – Карате клуб Цветан Димов
7. Дарио Ивановски – Здружение Атлетски клуб Работнички
8. Фати Вејсели – Здружение Боречки клуб Лирија 2010
9. Адријана Поп Арсова – Маратон клуб Делта
10. Дрита Ислами – Атлетски клуб Работнички.

Нјуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени):
1. Фахик Весели – Шотокан Карате клуб Олимпик
2. Анамарија Георгиевска – Таеквондо клуб Бутел
3. Хамза Јашари – Здружение на граѓани Џудо клуб Миоки
4. Викторија Варадинова – Кикбокс клуб Шампион
5. Абдурахим Идризи – Карате клуб Макпетрол.

Категорија најталентиран млад спортист – кадет:
1. Бесир Алили – Здружение Боречки Клуб ЛИРИЈА 2010.

Најуспешен тренер:
1. Бошко Заборски – Карате клуб Макпетрол.

Најуспешна спортска екипа од Скопје:
1. АД Женски Ракометен клуб Вардар.

Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје:
1. Иван Чупиќ – АД Ракометен клуб Вардар.

Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби:
1. Стоилко Стоицев – Здружение Планинарски клуб Македон.