Еве зошто укинувањето на „лајкови“ на Инстаграм може да биде добро и корисно


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе неколку месеци се зборува за тоа дека социјалната платформа Инстаграм ќе го укине јавното прикажување на „лајковите“ на фотографиите објавени на мрежата од страна на корисниците и за тоа како оваа промена ќе влијае врз платформата и „инфлуенсерите“ кои заработуваат преку неа. Но, малку се зборуваше за тоа како овој потег ќе влијае врз човечката психа.

Основната потреба на човечкиот мозок, според голем број истражувања, се нема многу променето во последните 10.000 години. Приоритет беше и остана социјалната поврзаност, чувството на припадност во заедницата, пренесува Business Insider.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Кога добиваме „лајкови“ на социјалните мрежи, тоа го раздвижува центарот на мозокот кој оваа појава ја сфаќа како пофалба. Од друга страна, кога не добиваме онолкав број на „лајкови“ колку што сме очекувале, тоа може да предизвика негативни емоции и страв од отфрлање, бидејќи мозокот постојано врши проценка на нашата припадност или неприпадност во некоја средина/контекст.

Тоа нас не доведува до фундаменталното прашање како и за што ги користиме социјалните мрежи. Дали овие платформи со „лајкови“, коментари и споделувања ни служат за да си ја потврдиме сликата која ја имаме за себеси и која сакаме и другите да ја имаат за нас? Или ги користиме за да изградиме социјална заедница во која ќе се поврзуваме со луѓе слични на самите нас, што ни помага и во одржувањето на чувството на припадност?

Генерациски трендови и разлики

Иако на сите нас ни е заедничка потребата за припадност, постојат генерациски трендови и тенденции кои одредуваат како се доаѓа до таа цел.

На пример, оние кои припаѓаат на генерацијата Х, кои растеле во ’70-те и ’80-те години од минатиот век, имаа необични работни позиции пред да најдат стандардно вработување. Според истражувачите, оние кои припаѓаат на оваа генерација, најчесто се „воркохоличари“ склони кон претерување во работата што доведува до прерана премореност. Освен тоа, за нив е карактеристичен големиот број разводи. Генерацијата Х, според голем број истражувања, стреми да се поврзи со другите преку работата и личните достигнувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on


Фотографија без никаква содржина со 8,5 милиони „лајкови“

Од друга страна, милениумците главно се одгледани од „бејби-бум“ генерацијата, која е родена во ’60-те години од минатиот век. Нивните чувства на чувства на припадност се повеќе социјално ориентирани. Милениумците стануваат финансиски независни подоцна отколку претходните генерации поради тоа што акцент ставаат на формалното образование и бидејќи на пазарот на труд влегуваат во време на светска економска криза. Тие сакаат да добијат повратна реакција на работа, бидејќи признанието и афирмацијата или негирањето се инкорпорирани во нивниот систем на вредности во текот на растењето и развојот.

Оваа желба за афирмација е само засилена на социјалните мрежи, па овие платформи можат да предизвикаат и сериозно страдање кај милениумците ако почнат да се споредуваат со другите. Тие можат да го споредуваат бројот на „лајкови“ или следбеници, или можат да стекнат впечаток и слика дека нечиј живот е многу подобар од нивниот. На кратко, ако сте биле воспитувани на принцип да се споредувате со другите, отсуството на механизам за споредба може да ве доведе до криза на идентитетот.

Што се однесува на генерацијата Z, раните истражувања укажуваат на тоа дека тие, имајќи во предвид дека се одгледувани и воспитувани од генерацијата Х, кои биле фокусирани на работата, и имајќи во предвид дека растеле во време на процутот на социјалните мрежи, копнеат за автентични врски со цел да можат да ја почувствуваат припадноста. Тие сакаат да комуницираат лице в лице, а технологијата повеќе ја користат како средство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EGG GANG 🌍 (@world_record_egg) on


Јајце – фотографија со најмногу „лајкови“ на Инстаграм

Како ќе реагираме на промените?

Како и да е, чувството на припадност е една од основните човечки потреби, а социјалните мрежи се само едно од средствата кои ги користиме за да се задоволи таа потреба. Иако сме свесни дека за тоа дека поврзувањето со други луѓе е многу повеќе од потврда преку „лајкови“, тоа не значи дека сме имуни на бројот кој се наоѓа под нашите објави на социјалните платформи и дека тоа нема да влијае на нашата слика за себеси.

Истражувањата потврдуваат дека „лајковите“ на социјалните мрежи можат позитивно да влијаат врз нас, но само краткорочно. Нивото на допамин се подигнува, но нам набрзо ни е потребен нов поттик од таков вид. Со други зборови, „лајковите“ можат краткорочно да не усреќат, но не ни ја хранат душата.

Останува да видиме дали измените кои не очекуваат на Инстаграм ќе придонесат за формирање на автентична заедница, а со самото тоа и поцврсто чувство на припадност кај своите корисници. Дали корисниците ќе се свртат кон други социјални платформи каде можат да добијат краткорочна потврда за припадност или ќе се создаде нова, попријатна атмосфера без желба за натпревар со другите?