Објавен оглас „тежок“ 19 милиони евра – АД ЕСМ ќе купува сопствени машини


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, заедно со македонскиот премиер Зоран Заев, денеска најавија дека, од добивката од 80 милиони евра која ја оствари компанијата,19 милиони евра се издвоени за инвестирање во нова механизација за РЕК Битола со намена за ископ на јаглен.

Оваа одлука треба да заштети многу пари за Електрани на Македонија ако се знае дека во последните 10 години за ангажирање на помошна механизација од надворешни фирми, РЕК Битола има платено околу 100 милиони евра, што претставуваат многу пари, пренесува Фактор.

И покрај предизборните ветувања на власта, продолжува скапата пракса приватници да копаат јаглен за РЕК Битола, а во меѓувреме имаше неуспешни обиди за купување на нови машини и наместо тоа, продолжи старата пракса на претходната Влада.

Со тендер кој е објавен денеска треба да се набават вкупно 47 машини за потребите на рудниците со јаглен и тие ќе ја чинат државната компанија за производство на струја 19 милиони евра.

Ковачевски најави дека идната година оглас за набавка на циклична механизација за потребите на рудникот Брод – Гнеотино во вредност од 26 милиони евра.

„На тој начин, целосно ќе се ослободи потребата од надворешна механизација и РЕК Битола целосно сама ќе го спроведува ископот на јаглен“, изјави Ковачевски.