Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во финишот на летниот преоден рок повторно се појавија шпекулации дека Нејмар би можел да го напушти ПСЖ и да се пресели во Реал Мадрид.
Нејмар минатото лето стана најскапиот фудбалер во историјата, откако за 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ. Меѓутоа, веќе неколку месеци се шпекулира дека Бразилецот после само една година ќе го напушти Париз, а најсилен интерес за него покажува Реал Мадрид.
Изминатите седмици не се зборуваше многу за Нејмар, но во последните денови ситуацијата повторно се „разгоре“. Шпанските медиуми тврдат дека Перез ќе направи се за да го донесе Бразилецот во Мадрид како замена за Роналдо.
Од друга страна еминентниот „Екип“ утрово објави дека ПСЖ ќе биде приморан да го продаде Нејмар и да заработи 300 милиони евра. „Светците“ имаат проблем со финансискиот фер-плеј, па ќе бидат приморани да го продадат Бразилецот.
Доколку не ги решат проблемите на ПСЖ му се заканува исклучување од европските натпреварувања, а целата ситуација будно ја следи Реал Мадрид кој е спремен да понуди 300 милиони евра за Нејмар.