Home Живот и здравје Еве зошто би требало да престанете да употребувате гелови за туширање и сапуни

Еве зошто би требало да престанете да употребувате гелови за туширање и сапуни

Сапуните и геловите за туширање не се секогаш најдобриот начин за одржување на хигиената, особено кога станува збор за лица со доста осетлива кожа, велат германските дерматолози.

Натриум лаурил сулфат е силен емулгатор кој се наоѓа во геловите за туширање и одмивање, како и сапуните. Но, освен што ја симнува нечистотијата од кожата, ги отстранува и драгоцените заштнитни слоеви од кожата, односно липидите кои ја зацврстуваат кожата и ја чуваат од сушење и оштетување.

Токму поради ова, луѓето со чувствителна кожа треба повремено да се тушираат само со вода.

„Сапунот, колку и да е благ, ја суши кожата, а има и дезинфекциски ефект“, вели германскиот дерматолог Волфганг Кле.

Некои сапуни содржат и исушувачки антибактериски средства како тетрасодиум EDTA (конзерванс и стабилизатор) и триклосан, хемикалија која многу ја суши кожата, а се поврзува и со попречување на ендокриниот систем. Оттука, се препорачува сапуни и геловите за туширање кои содржат природни антибактериски средства, како еукалиптус и чаеви.

Поимот чувствителна кожа е доста широк и понекогаш ни самите експерти не можат веднаш да ја препознаат вистинската причина за појавата на симптоми како црвенило, лупење на кожата, чешање, чувство на затегнатост и слично.

Таквите пациенти најчесто се жалаат на козметички препарати, сапуни, препарати за заштита од сонце, а воопшто не станува збор за алергиска реакција. Оние кои не можат без сапуни и гелови за туширање, нека ја ги одберат оние најблагите и после туширањето на кожата да си нанесат хидратантен крем и лосион, за да го вратат потребното ниво на влажност на истата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Што открива положбата во која спие вашиот куче

Сега можете да откриете како се чувствува вашето куче преку неговата положба за спиењеR…