Еве што се случува кога ќе му дадеш на куче да „вози“ Мерцедес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во калифорнискиот град Аптос минатата недела се случи прилично необична и бизарна сообраќајна несреќа која многу лесно можела да има и посериозни последици за останатите учесници во сообраќајот.

Едно куче кое газдата го оставил заклучено во неговиот луксузен автомобил Мерцедес S класа, случајно го преместило автоматскиот менувач на автомобилот и некако префрлило од „паркинг состојба“ во празно движење (познато како „лер“).

Автомобилот почнал да се движи и по неколку стотини метри завршил во ѕидана ограда. Случајните минувачи буквално не можеле да им веруваат на очите кога виделе куче зад воланот на Мерцедесот.

Сопствениците на куќата во чија ограда удрил Мерцедесот, Џени и Џим Блек за локалните медиуми изјавиле дека биле многу изненадени и дека кучето соборило и неколку канти за отпадоци.

За среќа освен материјална штета, немало други последици, а кучето Дјук стана популарен откако неговите фотографии како „вози“ завршија на социјалните мрежи.