Еве што мисли Памела Андерсон за популарното списание „Плејбој“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славната активистка и некогашна актерка и секс бомба, Памела Андерсон својата поврзаност со машкото списание „Плејбој“ ја има уште од 1989 година – кога прв пат се раслече за потребите на списанието.

Денес, скоро 30 години после таа иницијална соработка со империјата на починатиот Хју Хефнер, подоцна Андерсон има десетици сесии и насловни за „машката библија“. И дури тврди дека „Плејбој“ и го спасил животот откако била силувана неколкупати во нејзината младост.

„Како дете бев сексуално малтретирана од мојата дадилка, која веќе не е жива. Мојот став кон мажите во почетокот не беше особено добар. Бев болно срамежлива како дете. И откако пораснав, „Плејбој“ ми даде сила. Тој навистина го спаси мојот живот. Се чувствував заробена и мораше да се ослободам. Тоа беше пробив за мене, каде што се сретнав со уметници, активисти, господа. Почнав да водам забавен и див живот“, вели Андерсон.

Ѕвездата од „Baywatch“ признава дека нејзиниот пат кон успехот не е лесен, но ги охрабрува сите да „излезат надвор од нивната зона на удобност“.

„Бидете храбри, нурнете се во непознатото. Сите ние имаме трагедии во нашите животи, мораме да ги запомниме и да бидеме добри еден со друг. Но, треба вистински да ги живееме нашите животи“, вели Памела.