Еве што има да каже генијот Павуна (СОВЕТНИК НА ОБАМА ЗА ЕНЕРГЕТИКА) за сè!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако разбарате биографски податоци за Давор Павуна, ќе наидете на информации дека е гениј за физика, поточно, доктор на науки, професор на универзитетот во Швајцарија.

Хрватов зборува пет јазици, свири џез, има 33 години помлада сопруга од Франција. На поле на професионални ангажмани, освен што е универзитетски фраер и физичар во Швајцарија, бил советник во повеќе владини состави, меѓу кои и онаа на Барак Обама кој го ангажираше Павуна за свој советник за енергетика.

Но, ова вака презентирано, ни одблиску не ја доловува вистинската појавност на Давор. Да не ја тупиме многу, ќе треба целосно да го изгледате видеото за комплетно да ја доловите претставата за тоа што значи да се разговара со ваков гениј. Ние ви го пренесуваме моментот кога малку распали за светската политика. Ваше е што друго ќе изгледате – секако умот ќе ви биде направен шашма. Давор – „порфавор“.