Оваа престолнина повторно го зазема челното место на град со најквалитетен живот

Кога станува збор за квалитет на живот според сите предвидени параметри и норми за една таква категоризација, европските градови често се во првите десет светски метрополи кои го нудат тоа. А оваа престолнина на европската и светската култура е еден од најредовно присутните градови во тој попис.

Главниот град на Австрија, Виена, деветти пат ја доби титулата метропола со најдобар квалитет на живот во светот. Најнеквалитетно се живее во Багдад.

Меѓународната агенција „Мерсер“ дојде до заклучок дека во Виена се живее најдобро. Второпласиран е Цирих, а третото место го делат Оукленд и Минхен.

Цирих

„Виена го освои првото место пред сè поради безбедноста, одличниот градски превоз и богатата културна понуда“, наведува „Мерсер“.

Меѓу првите десет града, како и лани, повеќето се градови во Европа – Диселдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген, Базел, на петтото место е Ванкувер, а на 10. е Сиднеј.

Багдад

Град со најлош квалитет на живот е Багдад, исто како и лани.

Студијата опфаќа 231 голем град врз основа на 39 критериуми, меѓу кои се политичката и економската состојба, еколошките аспекти, здравственото осигурување, како и образованието.