Еве на кое место сме во светски рамки според брзината на интернет кој го користиме


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според статистичките податоци за брзината на интернетот кој го користиме, Македонија во светски рамки се наоѓа на 78. место на ранг листата составена од страна на специјализираниот британски сајт за споредба на телекомуникациски услуги Cable.co.uk.

Државава според брзината на интернет е рангирана на 78 место во светот од страна на специјализираниот британски сајт за споредба на телекомуникациски услуги Cable.co.uk. Просечната брзина на интернет во државава изнесува 7,97 мегабити во секунда (Mbps), а за преземање 5 GB филм се потребни 1 час 25 минути и 38 секунди. Лани бевме на 68. позиција со просечна брзина на интернет од 8,82 мегабити во секунда.

Од државите во регионот Словенија е на 27 место, Србија е 44-та, Хрватска на 49, Бугарија на 50, Грција на 57, Косово на 60. позиција итн. Најбрз интернет во светот има во Тајван, по што следат Сингапур, Шведска, Данска, Јапонија… На дното на листата, на 208. позиција, е Јемен.

Од топ 50-те држави со најбрз интернет, 37 се во Европа.

Просечната глобална брзина на широкопојасен интернет, измерена во мај лани до мај годинава изнесува 11,03 Mbps, што претставува раст за 20,65 проценти во однос на мерењата за претходната година. – Со просечната брзина преземање HD филм со големина од 5GB во Тајван би требало да трае осум минути и две секунди, а над 30 часа во Јемен, покажува истражувањето на Cable.co.uk.

Извор: МИА