Еве колкупати треба да го користите жилетот пред да го фрлите во ОТПАД

Како што стојат работите, никој од нас не ги рециклира жилетите онака како што би требало.

Бричењето на нозете е една од најделикатните работи бидејќи мораме да внимаваме да не се исечеме, да не промашиме некој дел, да не ја иритираме кожата, но колку често треба да се менува жилетот?

Поголемиот дел од нас знае дека треба да се менуваат жилетите од време на време, но некако секогаш чекаме да стане неупотреблив и да стане тап пред да го замениме со нов. Употребата на ѓилет подолго од препорачаното може да дпнесе до некои здравствени проблеми.

Експертите советуваат да ги меуваме жилетите на секои 5-10 употреби. Заменливите или оние за еднократна употреба се направени така и да се користат: неколку пати да ги употребите и да ги замените со нови.

Не само што долго користените жилети ќе ве изневерат и нема да ги отстранат вашите влакна, туку постои и ризик да добиете некоја бактерија доколку ги чувате во купатило кое често има пареа и влага.

„Првиот знак дека доволно е употребен е сигналот дека тој жилет треба да го замените со нов. Доколку не можете да ги отстраните влакната како кога првиот пат сте го употребиле, тогаш тој жилет го направил своето“, советува дерматолог докторка Витни Бов.