Челзи тргнува по Донарума, Милан го сака Мората


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Приоритет на Челзи ова лето ќе биде доведување на врвен голман како замена за Тибо Куртоа, кој е на чекор од трансфер во Реал Мадрид.

Откако ја загуби битката за потписот на Алисон, сега „сините“ ќе се насочат кон други мети, а на врвот на листата желби е младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума.

Новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари одлично го познава својот сонародник и смета дека ќе биде долгорочно решение бидејќи Донарума важи за еден од најдобрите млади голмани во светот.

„Сините“ се спремни наскоро да почнат преговори со Милан, кој е спремен да го продаде Донарума за сума од 60 милиони евра.

Италијанските медиуми не исклучуваат можност за трампа, со оглед на фактот што примарна трансфер цел на „росонерите“ е Алваро Мората, кој пак е на излезна врата од „Стенфорд Бриџ“.