Еве колку пари може да добие како обештетување Ѓоковиќ ако ја тужи Австралија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тенисерот Новак Ѓоковиќ издвојува голема победа надвор од терените откако заедно со неговиот адвокатски тим успеаја на Суд да ја поништат одлуката на државните власти за укинување на неговата виза.

Тамошните медиуми пренесуваат дека Ѓоковиќ добро ќе ја наплати „тортурата“ која ја доживеа во Австралија изминатите неколку дена.

„Фокс Спортс“ објави дека Србинот може да поднесе тужба и за тоа државата да плати околу 500.000 долари.

Прво австралиските власти сигурно ќе треба да му ги платат судските и сите други трошоци за бидејќи го изгубија спорот.

Парнерот на позната адвокатска фирма, Џастин Квил смета дека случајот може дополнително да се оддолжи и по пресудата, а колку подолго трае толку повеќе ќе ја чини Австралија.