Home Актуелно Еве до која година на планетата Земја ќе има над 11 милијарди жители

Еве до која година на планетата Земја ќе има над 11 милијарди жители

Во 2050 година населението на Земјата ќе се зголеми до 9 милијарди и 800 милиони луѓе, се наведува во извештај на ОН. Во моментов жителите на нашата планета се малку над 7 и пол милијарди.

На крајот на векот светското население ќе надмине 11 милијарди луѓе, прогнозира економскиот и социјалниот совет на ОН. За 7 години најнаселената земја во светот ќе стане Индија, која ќе ја надмине Кина.

Трета ќе стане Нигерија, која се очекува да ја надмине САД во 2050 година. Истовремено се забележува стареење на светското население, како и бројот на луѓето кои се над 60 години пти што се очекува да се зголеми двојно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…