Home Вебкафе Еве кој град има најскапи фризери на светот

Еве кој град има најскапи фризери на светот

Одамна е факт дека жените не штедат пари кога на стилското мени ќе дојде фризурата која треба да се среди, било од секојдневни побуди, било за некоја конкретна свечена прилика. Тоа го препознаа и женските фризери ширум цел свет, па и цените за женски фризерски услуги се неарно високи во некои светски градови.

119,04 долари е просечната цена за потстрижување на жени во Париз, со што „Градот на светлината“ е и најскапиот град на светот за женски фризерски услуги.

73,97 долари ќе платите за истото во Цирих, и 53,46 долари во Осака во Јапонија.

Истражување на трошоците за живот кое го направи „Економист интелиџенс јунит“ (ЕИУ), покажа дека Париз е најскап град во светот заедно со Сингапур и Хонг Конг.

Земени се во предвид 133 градови во 93 земји. ЕИУ ги споредува просечните трошоци за повеќе од 160 предмети.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …