Денес во Хаг ќе биде изречена извршната конечна пресуда за Радован Караџиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во 14:30 часот, во Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг, ќе биде изречена конечната и извршна пресуда за бившиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, откако неговата одбрана ја обжали првостепената пресуда од 40 години казна затвор.

Од 11 точки за воени злосторства некогашниот политички лидер на босанските Срби е ослободен од само една точка – за геноцид во седум општини во Босна и Херцеговина во 1992 година: Братунац, Приједор, Власеница и Зворник, Сански Мост, Фоча и Кључ.

Судскиот совет на Хашкиот трибунал на 24 март 2016 година Караџиќ го прогласи за виновен за геноцидот во Сребреница во 1995 година и за прогон, истребување, убиства, депортација, нехумани дејства, терор, незаконски напади на цивили и земање заложници . Судскиот совет утврди дека Караџиќ ги извршил злосторствата со учество во четири здружени потфати, вклучувајќи го и “заедничкиот план со цел босанските муслимани и босанските Хрвати трајно да бидат отстранети од територијата на БИХ “.

Судењето започна во октомври 2009 година. Обвинителството се обиде да ги докаже своите тврдења преку спроведување на голем број на сведоци, меѓу нив и експерти од различни профили, доктори и патолози преку воени набљудувачи и членови на УНПРОФОР, на жртвите и поранешни затвореници . И Караџиќ донесе голем број на сведоци, меѓу кои беа и неговите поранешни соработници – Милорад Додик и Ратко Младиќ.

По разгледување на сведочењето на 580 сведоци и преглед на околу 11.000 страници на докази, МКТЈ одлучи – на 24 март 2016 година, Радован Караџиќ, се прогласува за виновен со 40 години казна затвор.

Поранешниот хашки истражувач Невенка Тромп за “Аваз” зборува за три можни сценарија за пресудата на Караџиќ – да се потврди првостепената казна, значително да се намали затворската казна до толку што ќе биде ослободен, или да биде осуден на доживотен затвор.