Актуелно

Еве кои високи државници и раководни лица биле мети на израелската шпионска програма „Пегаз“

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, пакистанскиот премиер Имран Кан, директоротт на Светска здравствена организација Тедрос Аданом Гебреисус и претседателот на Европски совет Шарл Мишел биле цел на набљудување од 34 држави со помош на израелската шпионска програма Пегаз, објави Гардијан.

Весникот наведува дека на листата има телефонски броеви на многу други политичари, па дури и монарси. Меѓу нив се кралот Мохамед Шести од Мароко и премиерот Саад ал-Дин ал-Османи, ирачкиот претседател Барам Салех, египетскиот премиер Мустафа Мадбули и други.

Најверојатно Рамафоса бил цел на Руанда во 2019 година, додека за Гебреисус во 2019 година покажале мароканските служби. Сад Харири, кој минатата недела поднесе оставка од функцијата премиер на Либан, се чини дека е беше мета на Обединети Арапски Емирати во 2018 и во 2019 година.

Мароканските безбедносни служби во 2019 година ги следеле претседателот на ЕС, Мишел, додека ја извршуваше функцијата премиер на Белгија. Но, мароканските служби ги следеле и кралот Мохамед Шести и премиерот Отмани.

Пакистанскиот премиер Кан во 2019 година бил следен од Индија преку програмата Пегаз, додека Саудиска Арабија и ОАЕ најверојатно го следеле ирачкиот претседател Бархам Салих, кој е близок со САД.

Претходно, францускиот весник Монд објави дека еден од броевите на францускиот претседател Емануел Макрон е присутен во базата на податоци добиени од авторите на истрагата со телефонските броеви на лицата кои станале мета на клиенти на НСО.

To Top