Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Времето во Македонија денеска, среда, 21. септември, претпладне ќе биде променливо облачно, а од пладне и попладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал 14 до 21 Целзиусов степен.Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.
Во следните денови утрата ќе бидат студени со ниски утрински температури, а до петок дневните температури ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе преовладува променливо облачно време. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно сончево со постепен пораст на дневната температура.