Home Шоубизнис Белучи е класа од жена

Белучи е класа од жена

57-годишната актерка Моника Белучи на неодамнешниот филмски фестивал во Венеција се појави во црни панталони и „проѕирна“ шарена кошула од брендот „Долче и Габана“. Се чини дека таа секогаш изгледа провокативно, ако не поради облеката, тогаш поради деталите што ги носи.

Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините обувки.

Ѕвездата на филмот „Малена“ носеше сандали на Кристијан Лобутин со потпетица од 15 сантиметри и ремчиња околу зглобот. Сепак, италијанската актерка позирајќи пред фотографите и новинарите покажа дека софистицираноста и женственоста се пред сè.

Моника на премиерата на новиот филм, истите сандали ги искомбинира со црна вечерна тоалета од брендот „Долче и Габана“, па се чини дека на актерката не ѝ е проблем да се појави во нешто веќе видено.

Новиот филм на Моника Белучи е апокалиптична драма на Паоло Вирзи каде таа толкува улога на личност чијшто живот станува комплициран поради недостигот на вода, а причината за тоа е што во Рим не врнело веќе 3 г.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ќерката на Николина Пишек со три дипломи од три земји: Хана гради кариера во медицината

Хана Леонарда, постарата ќерка на Николина Пишек, избра живот подалеку од медиумите и се п…