Последниве две децении германската нација засилено ја тресе деменција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Германија во последните 20 години бројот на пациенти и смртни случаи поради деменција двојно се зголемил, објави  Федералниот завод за статистика, по повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест.

„Во 2020 година, 9.450 луѓе починале како резултат на деменција, што е зголемување за 108,4 отсто во споредба со 2000 година“, објави Федералниот завод за статистика во Визбаден.

А бројот на луѓе кои престојуваат во болница поради деменција се зголемил за 138 отсто во споредба со 2000 година. Зголемувањето на бројот на заболени од некоја форма на деменција е поврзано со стареењето на општеството, имајќи предвид дека над 95 проценти од луѓето заболени од деменција се постари од 65 години.

Во споредба со 2000 година, во Германија живеат 33 отсто повеќе луѓе на возраст над 65 години, вкупно 18,3 милиони. Во 2020 година, во Германија беа регистрирани 1,8 милиони луѓе со деменција. Кај околу две третини од пациентите, деменцијата е последица на Алцхајмерова болест.

Поради зголемувањето на животниот век, експертите предвидуваат дополнително зголемување на бројот на заболени од деменција. Според некои проценки, во 2050 година бројот на пациенти во Германија би можел да се искачи на 2,8 милиони, пренесе Индекс.хр.