Home Шоубизнис Еве како сер Пол Макартни го видел Господ

Еве како сер Пол Макартни го видел Господ

Планетарно популарниот музичар и некогашен член и лидер на легендарните „Битлс“, сер Пол Макартни, со јавноста сподели една необична случка од неговиот живот кога бил под дејство на наркотици. Пејачот тврди дека многу одамна, кога земал наркотици, во еден момент имал визија во која го видел Бог.

„Го видов Бог , таа неверојатна , величествена работа и бев понизен. Тој момент не го смени во целост мојот живот, но беше знак. Верувам дека постои нешто возвишено”, тврди во својата изјава 76-годишниот Макартни.

Макартни објасни дека во моментот кога ја имал визијата на Господ, бил во друштво со музичарот и пријател Роберт Фостер, кој му рекол дека нешто се случува.

„Беше огормен. Некој би рекол дека тоа беше халуцинација, дрога, но јас му реков на мојот пријател ’Дали го виде тоа?‘ Почуствувавме дека го видовме врховното суштество”, вели легендарниот музичар во интервју.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…