Живот

Еве како лубрикантот ќе го подобри вашиот сексуален живот

Лубрикантите се уште носат етикета дека се наменети само за жените кои имаат проблем со влажнењето, односно за жените во менопауза и постменопауза.

Меѓутоа, лубрикантот е одичен изум за сите врсти на сексуални активности и треба така да се доживува.

Не користете лубрикант кој содржи глицерин или шеќери

Лубрикантите кои најчесто се пронаоѓаат во аптеките содржат многу глицерин кој дава глатко чувство. Но, глицеринот може да биде претежок за слузницата и најдобро е да се избегнува. Затоа најдобро е да се користи лубрикант кој е на база на вода.

Користете вистински лубрикант за вистинска прилика

Како што веќе спомнавме лубрикантите на база на вода се оние најдобрите затоа што не предизвикуваат иритации, лесно се чистат и најсигурни се за користење со кондом. Нивен единствен проблем е што многу брзо „испаруваат“. Ако со партнерот сакате анален секс, тогаш најдобар избор би бил лубрикантот кој е на база на силикон, затоа што подолго трае.

Не ги користете тие што се на база на масло

На пазарот постојат лубриканти на база на масло, но тие не реагираат добро во комбинација со кондом или сексуални играчки. Покрај тоа масните честички се задржуваат на слузницата и може да ја иритираат.

Лубрикантот не е само за стари жени кои имаат проблем со влажнење

Кон лубрикантите постојат предрасуди дека ги користат само стари жени и оние кои имаат проблем со влажнење. Недостаток на влажност може да му се слулчи на секого, независно од годините, напаленоста и слично. Плунката не е решение, затоа треба да одберите некој добар лубрикант.

Ако пробуваш да затрудниш, внимавај кој лубрикант го бираш

Некои истражувања тврдат дека лубрикантите на база на вода и силикон ја успоруваат пермата, но потребно е да се направат уште истражувања за да се потврди тоа. Но, во секој случај најдобро е да кориситите „sperm-friendly“ лубрикант.

To Top