Еве каде ќе излезете ако почнете да копате тунел од кај што живеете низ центарот на Земјата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интересната интернет апликација „Antipodesmap“ на своите корисници им дава можност да видат каде би излегле ако поминат низ тунел кој почнува од местото каде што живеат (или било кое друго место на светот), а поминува низ центарот на планетата Земја.

Страницата ја прикажува точната локација која е дијаметрално спротивна на вашето стојалиште, односно вашиот антипод, пренесува „Национална географија“.

На пример, доколку почнете да копате тунел во Аргентина, на спротивната страна ќе излезете во Кина. Доколку би копале дупка од Македонија, на спротивната страна ве чекаат водите на јужниот Пацифик неколку илјади километри источно од Нов Зелад.