Google работи на нова мобилна апликација за допишување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Технолошкиот гигант Google, според информациите кои се појавија деновиве, работи на нова апликација за допишување која ќе ги комбинира функциите на неколку други апликации.

Новата платформа за разменување пораки ќе ги обедини сите оние функции кои ги имаат „Hangouts Meet“, „Hangouts Chat“ и „Drive“.

Се очекува да добие и некои „Gmail“ функции па корисниците за време на комуникацијата ќе имаат увид во последниот меил кој го пратиле на личноста со која комуницираат.

Се работи за мобилна апликација, а се уште не се споменува веб или десктоп варијанта, што е помалку нелогично, имајќи во предвид дека повеќето деловни корисници сè уште се определуваат за тие варијанти.

Доколку овој сервис заживее, ќе претставува десетта апликација за размена на пораки од компанијата „Google“.

Експертите, но и корисниците се сомневаат во тоа дека новата апликација ќе заживее, најмногу заради тоа што „Google“ до сега не успеал да се посвети на ниту една објавена апликација од овој тип, пишува „PC Press“.