ЕУ бирократите изгласаа цензура на интернетот и забрана за „мемиња“ – што сега?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одборот за законодавство на Европскиот парламент изгласа нов Закон за авторски права кој може да го уништи интернетот таков каков што го знаеме.

Член 11 одвај помина

Најспорните делови од реформите за авторски права се членовите 11 и 13. Иако многумина, дури и членовите на Европскиот парламент, се противат на тие членови, истите беа изгласани со 13 гласа ЗА, 12 ПРОТИВ за членот 11, односно 15 гласа ЗА и 10 ПРОТИВ за членот 13.

Членот 11 се занимава со „помошните авторски пава“ и таканаречениот „данок за врски (линкови)“, што значи дека било која интернет страна која објавува исечоци и извадоци од новинарска онлајн содржина, мора прво да добие лиценца од издавачот, сè до 20 години после објавата на оригиналната содржина.

Тоа се однесува на социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер и Редит, кои со линкови објавуваат „thumbnails“ со фотографии и извадоци, но и други стратници како веб агрегатори на вести, апликации за вести или страници за проверување на факти.

Членот 13 кој за одговорноста за контролата за користење авторски содржини во целост ја префрла на поединечни интернет страници, притоа ја воведува идејата за атоматски филтер на содржини кој „де факто“ ќе забрани користење на популарните „мемиња“ како Grumpy cat, но и цитати од Википедија и разни други содржини кои се вообичаен и неизбежен дел од интернет комуникацијата.

Така, на пример, страниците на кои корисниците прикачуваат фотографии ќе мора на барање да ги скенираат сите моменти и идни фотографии и да проверат дали има кршење на авторски права.

Истото ќе важи и за музиката објавена без авторски права на YouTube, што значително ќе го измене начинот на кој функционира оваа платформа. Иако оваа мерка значи дополнителен трошок за Гугл, Фејсбук и Твитер, многу посериозни се последиците за помалите страници кои немаат ресурси за надзор на содржините кои ги споделуваат корисниците кои ги имаат овие интернет гиганти.

Членот 13 не предвидува правни санкции за проблемите кои можат да настанат поради грешки на автоматските филтри, поради што се поставува прашањето како ќе се решаваат постапките на погрешни отстранувања на содржини од интернет.

Уште не е готово, но…

Оваа одлука не значи автоматски дека сè е готово и дека новиот закон ќе стапи на сила. Таа, всушност, го потврдува стојалиштето на Европскиот парламент за реформите на авторските права пред да влезат во завршна фаза на законодавниот процес. Но, пред тоа противниците ќе можат да бараат да се одржи пленарна седница на парламентот, на која сите пратеници (вкупно 751) ќе гласаат за законот.

Веќе е започната кампања за одржување на таквата седница. Како ќе заврши сето ова, засега не е познато, но противниците на овој закон ги повикуваат граѓаните да се обратат до парламентарците од своите земји и да ги натераат да го чујат нивниот глас.