Home Спорт Елмас со погодок за Наполи ја запечати победата на „Наполитанците“ против Венеција

Елмас со погодок за Наполи ја запечати победата на „Наполитанците“ против Венеција

Синоќа тимот на Наполи на домашен терен ја пречека екипата на Венеција и славеше со резултат 2:0.

Тренерот на „Наполитанците“, Лучано Спалети одлучи Елиф Елмас да се најде клупата за резервни играчи на синоќешната пресметка, но не за долго.

Во 23 минута домаќините останаа без еден играч на теренот поради црвениот картон на Осимхен, а во 35 минута Спалети одлучи да го внесе во игра Елмас како замена за Зиелински.

Мируваа мрежите во првото полувреме, во 56 минута беше досуден пенал за Наполи после играње со рака во казнетиот простор на Венеција, истиот не успеа да го реализира Инсиње.

Во 62 минута уште еден пенал за Наполи, повторно поради играње со рака, овојпат Инсиње беше прецизен и стрелаше за предност од 1:0.

Домаќинот кој ја имаше фаворитската улога успешно се справуваше на теренот и со играч помалку, и при таква ситуација дојде до уште еден погодок реализиран во 73 минута на Елмас кој направи еден дриблинг и успеа со убав удар да го пронајде патот до мрежата на финскиот голман Маенпаа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…