Еквадор подобар од домаќинот Катар на отворањето на Светското првенство во фудбал 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Катар стана првиот домаќин кој загубил на отварањето на еден Мундијал, откако беше надигран од Еквадор со 0:2.

Еквадорците од самиот старт покажаа дека се подобар тим и стигнаа до водство по само 160 секунди игра, кој беше поништен од страна на ВАР поради офсајд.

Неколку минути подоцна Енер Валенсија беше прецизен од белата точка за водство на Еквадор.

Истиот играч пред крајот на полувремето зголеми на 2:0.

Катар воопшто не успеваше да се закани кон голот на гостите и во второто полувреме, а Еквадор ја контролираше играта и покажа дека е компактна репрезентација која тешко прима гол.