Home Вебкафе Едно перење на овој убавец чини 2.500 евра (снимка)

Едно перење на овој убавец чини 2.500 евра (снимка)

Ferrari Monza SP2 е еден од најубавите автомобили што се појавиле во последно време. Иако не се познати многу детали , доволно е љубителите на автомобили да го погледнат и да посакаат да направат барем еден круг во него.

Овој темноцрвен Monza SP2 се издвојува од останатите со својата боја, која е заштитена со големо внимание, пишува Carscoops.

Гордон Ремзи има црна Monza SP1 со црвени елементи, но овој примерок оди чекор подалеку. Темноцрвената верзија ретко се гледа, и скоро никогаш на Ferrari.

Темната боја е прекината од сива лента што е поставена хоризонтално низ масивната хауба. Овој SP2 е посебен по тоа што неговата боја е засилена со слој од карбонски влакна што го штити од удари. „Топаз Деталинг“ го открива процесот за заштита на бојата на автомобилот, што покажува дека сите надворешни делови се обложени со заштитна обвивка, вклучително и деликатните внатрешни делови. Истата компанија нуди и услуга на деликатно миење на овој автомобил , кое трае пет дена и чини 2 500 евра.

Како и Monza SP1, SP2 има 6,5 литарски V12 мотор и 799 КС. 100 км на час може да достигне за 2,9 секунди, а максималната брзина надминува 300 км на час.

Еве како изгледа целиот процес на заштита на бојата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ирина Шајк дебитираше на карневалот во Рио и сите ги остави без здив со својот спектакуларен костим!

Ирина Шајк, една од најпознатите и најбараните манекенки во светот, уште еднаш докажа зошт…