Една слика од новото кралско бебе направи бум на бизнисот од една мала компанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште нема ни седум дена, а кралското бебе Арчи веќе го покажа своето влијание во светот на бизнисот и трговијата.

Штотуку роденото прво синче на Меган Маркл и Хари, само што беше покажано за јавноста, пред новинарите во дворецот Виндзор, со еден детал од „промотивната“ фотографија предизвика купувачка треска во Британија.

За првото јавно покажување пред медиумите и пошироката јавност, принцот Хари и војвотката Меган новороденото бебе го завиткаа во 105 фунти вреден шал произведен од малата семејна компанија G. H. Hurt & Son. Брзо после претставувањето, оваа мала компанија сместена во Нотингем беше опсипана со порачки и барања за ист таков шал од многу заинтересирани купувачи.

Ричард Тејлор, задолжен за маркетинг на компанијата, за Daily Mail изјави дека во само 24 часа после претставувањето на новороденото кралско бебе, нивната веб страна забележала над 25.000 посети. Спротивно на тоа, во сите други „обични“ денови тие имале околу стотина посети дневно на сајтот.

Компанијата веќе со години е задолжена за облекување на кралските бебиња, па избор од нивните производи своевремено направи и кралицата Елизабета кога на јавноста го претставуваше принцот Чарлс во 1948 година. Во шаловите од G. H. Hurt & Son беа претставени и Вилијам и Хари од страна на нивните родители, принцезата Дајана и принцот Чарлс.

Сепак, Тејлор вели дека биле изненадени кога виделе дека избор од нивниот асортиман направиле и Хари и Меган, бидејќи „тие двајца сè прават на свој начин“.