Една од овие две ѕвезди пристигнува во Париз – ПСЖ плаќа не прашува


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пари Сент Жермен минатото лето потроши повеќе од 400 милиони евра и тоа само на две засилување, но не мисли да застане и ова лето спрема нов „бомбастичен“ трансфер.

Иако е јасно дека клубот ќе има проблеми со Финансискиот фер-плеј доколку не продаде некои играчи, сепак раководството на ПСЖ прави планови за доведување на нови ѕвезди.

Францските медиуми пренесуваат дека на радарот на „светците“ се две големи ѕвезди од Премиер лигата и дека една од нив сигурно ќе пристигне на „Паркот на принцовите“.

Првата желба е плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен, кој веќе неколку сезони покажува дека спаѓа во самиот крем на европскиот фудбал. „Спарси“ го донесоа за само 14 милиони евра, а сега ПСЖ е спремен да плати 120 милиони евра за неговиот потпис.

Втората мета е младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Англичанецот во последно време не добива голема минужа кај Мурињо, особено после доаѓањето на Санчез, па е спремен да ја промени средината.

Англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ се спремни да започнат преговори доколку некој клуб понуди 120 милиони евра за неговиот потпис.