Home Вебкафе Еди Рама повторно „шема“ со својот стил на облекување (видео)

Еди Рама повторно „шема“ со својот стил на облекување (видео)

На албанскиот премиер Еди Рама веќе му стана навика на високи средби со ЕУ да доаѓа облечен како што не треба.

Откако пред два месеци се појави на средба со шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, облечен во тренерки, сега на самитот во Трст дојде во одело – но со дречливо бели патики.

Албанските медиуми не ги ни забележуваат ваквите модни екцеси на Рама, што значи дека не станува збор за инцидент околу дрес кодот туку за стил надвор од политичките протоколи во светот. На средбата со францускиот претседател Емануел Макрон снимателот видливо се трудеше патиките да не влезат во кадарот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да се преживее секојдневниот хаос: мини водич за деновите кога сè оди наопаку (ама ние сè уште истрајуваме)

ДА ГО ПРЕЖИВЕЕШ СЕКОЈДНЕВНИОТ ХАОС: МИНИ ВОДИЧ ЗА ОНИЕ ДЕНОВИ КОГА Сѐ ОДИ ПО НАГОРНИЦА (АМ…