Музика

Марио од Македонија ја воодушеви и крена на нозе публиката на бугарскиот X-Factor

Марио Арангеловски е македонски претставник во бугарското Икс-фактор шоу, кој што на првиот настап успеа да ја стане публикате на нозе.

Тој на неговото прво претставуавње пред жирито се претставил со балада од Френк Синатра, со што обезбеди пласман во шоуто кое што од септември ќе се емитува во Бугарија.

Неговиот настап го привлече вниманието на бугарските медиуми, кои со воодушевување известуваа за изведбата, иако видето од настапот пред жирито се уште не е објавено.

– Дојдов во Бугарија бидејќи ова е најпрестижното шоу во кое што учесниците стануваат ѕвезди. Ги повикувам сите Македонци да го следат шоуто, изјави Марио Арангеловски, кој во македонската јавност е познат по претходни негови настапи на слични музички талет шоуа.

To Top