Еден загинат во сообраќајка на патот Велес-Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје, поради што целиот сообраќај на оваа делница беше три часа во прекин. Сообраќајката се случила претпладнево околу 10 часот пред тунелот кај Катланово, кога автомобилот излетал од патот и удрил во банкината.

Итната помош од Велес пристигнала прва на местото на несреќата, при што веднаш констатирале смрт кај возачот, кој бил на возраст од 60-тина година. Повредена е жената која била во возилото, и веднаш била префрлена во болницата во Велес. Жената која има 89 години е со полесни повреди на главата и на десната потколеница.

Поради сообраќајката, од 10 до 13 часот кога се вршел увид на местото на настанот автопатот Велес-Скопје беше затворен за сообраќај, па возачите мораа да патуваат преку новиот автопат Штип-Скопје.

Причините за сообраќајката ќе бидат познати по извршениот увид од МВР.