Дождлив понеделник наместа со поројни дождови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, понеделник, 11 јануари, времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневната температура ќе се движи од 4 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне до 7 степени. Маврово 4, Охрид 12, Битола 11, Крива Паланка 7, Берово 9, Кавадарци 12, Дојран 14.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 4 до 13 степени.