Еден Први мај, пет различни протести


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барањата горе-долу исти, протестите различни. Во Скопје се организираат дури пет протести по повод Меѓународниот ден на трудот, иако солидарноста треба да биде една од основните одлики на синдикализмот.

Сите синдикати на различен првомајски протест. Во Скопје се организираат дури пет протести по повод Меѓународниот ден на трудот, иако солидарноста треба да биде една од основните одлики на синдикализмот. Сите велат дека работничките права се кршат на секој чекор, работници гинат, не се плаќа прекувремената работа. Бараат поголеми работнички права, повисоки плати, подобри услови за работа…

Конфедерацијата на слободни синдикати изрази загриженост за економските и социјални показатели, но нема да протестира.

По повеќегодишна пауза, по промената на раководството, ССМ организира Првомајски марш од пред нивното седиште до владата. Во нивниот проглас е наведено дека „патиштата се различни, целта е една“. За разлика од претходниот претседател на ССМ, Живко Митревски, кој велеше дека „колоритот специфичен за други времиња“ не давал резултат, очигледно новото синдикално раководство е на поинаков став.

„Достоинствена плата, покачување на личниот доход, ценење на работничкиот труд, регрес во јавниот и во приватниот сектор, стоп за мобингот што се врши врз вработените. Да слушнат пратениците кои ги носат тие закони кога се вршат измените, да слушнат министрите и премиерот“, рече неодамна претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Првомајски протест од пред зградата на МРТВ до владата организира и Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија(КСОМ).

Повелбата за солидарност, пак, маршира од плоштадот Карпошово Востание, кај споменикот на Филип Втори до Собранието и владата. Членови на Повелбата за солидарност се Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници(ССНМ), Синдикатот на управата и правосудството(УПОЗ), кој е дел од ССМ, синдикатот на дипломатската служба, синдикатот на култура и Независниот академски синдикат. Во нивниот проглас исто така се наведува дека „Патиштата се различни, целта е иста“.

Целата вест прочитајте ја на сајтот на Радио Слободна Европа.