Дволична новинарка: На ТВ завиена во хиџаб, на одмор раслечена и со пивце


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Водителката на иранската државна телевизија, Азадех Намдари е снимена во текот на годишниот одмор во Швајцарија, како пие пиво без хеџаб на главата.

Освен што тоа во Исламот е строго забрането, поголем проблем е фактот што Азадех во својата земја јавно заговара дека секоја добра муслиманка не смее да ги покажува своето тело и коса.

Иранските власти ја прогласија за лицемерна, а и јавноста не е блаконаклона.

„Јас седев во парк со членовите од потесното семејство каде жената не мора да биде покриена. Неколку секунди пред тоа ми падна шамијата од главата и непознато лице ги сними овие фотографии, но јас ја носев“, тврди водителката.

Таа сепак не објасни од каде се нашло пиво во нејзините раце.

„Од каде и е правото да проповеда нешто во што ни самата не верува“, „Каква лажливка и лицемерна жена“ и „Прави што сакаш, но не прави будали од нас, не се потсмевај со својот народ“, беа само некои од коментарите за фотографиите.