Замрзнат имотот на помошникот министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Специјалното јавно обвинителство има шанси да врати нелегално стекнат имот во случајот „Триста“ за злоупотреби со набавката на возила за МВР, откако по жалба, кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, сепак, одлучил да му го замрзне имотот на обвинетиот поранешиот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

На 26 мај, Специјалното јавно обвинителство поднесе предлог до Основниот суд Скопје 1 за замрзнување на недвижен и движен имот на сега првообвинетиот во случајот „Триста“, откако оштетено лице пријавило имотно правно побарување. Оштетеното лице е Министерството за внатрешни работи. Обвинетиот е помошник министер во МВР задолжен за јавната набавка на 300 возила за МВР.

„Во врска со предметот Триста, откако е пријавено имотно правно побарување од страна на оштетено лице, побарано е да се изрече забрана за отуѓување и оптоварување на имот. Имено, до Судот е поднесен предлог за определување привремена мерка за обезбедување на имотноправно барање и тоа: забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на осомничениот. Во предлогот до Судот наведено е точно за кој и каков имот се работи“, соопшти СЈО кога го поднесе првпат барањето за замрзнување на имотот на Поповски.