Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Полициската единица Алфи вчера вечер не успеала да ги пронајде во своите домови поранешниот началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразунавање (УБК), Горан Грујовски и неговиот соработник Никола Бошковски за кои Врховниот суд ја потврди мерката притвор на барање на СЈО, потврдија за Либертас високи извори од МВР.
Јавноста и експертите и претходно предупредуваа дека тие требаше веднаш да се спроведат во притвор, а не да се чека на одлуката на Врховниот суд и да им се остави можност да избегаат.
Ако тие досега не ја напуштиле земјава, се шпекулира дека можно е да се кријат во седиштето на ВМРО ДПМНЕ во Скопје.
Грујовски и Бошковски се обвинети во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО за нелегално прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права.