Двојникот на Путин стравува за својот живот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полјакот Славек Собала, поради неговата огромна физичка сличност со рускиот претседател Владимир Путин, стравува за својот живот.

Сличноста на Славек со Путин е толку голема што тој со години живее имитирајќи го рускиот претседател. Сега таа сличност веќе не му е толку драга.

53-годишникот води транспортна компанија и во исто време се претставува низ светот како Путин. „Пред војната не се плашев за мојата безбедност на улица, но сега многу се плашам бидејќи во нашиот град Вроцлав има многу луѓе од Украина кои работат и живеат тука и се плашам дека ќе ме нападнат кога ќе ме видат “, се пожали Славек за Дејли Стар.

Тој тврди дека неговата перцепција за Путин сега е променета. „Многу го почитував, но сега мислам дека направи многу зло и не знам како ќе го имитирам во иднина“, се пожали тој. „Јас стојам покрај Украина и немам намера да заработувам пари од оваа ситуација“, додаде тој.

Инаку, Славек отишол дотаму што побарал средба со Путин, но тоа не се остварило.