Зеленски тврди: За 19 дена руската армија во Украина има поголеми загуби загуби од двете чеченски војни вкупно


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во видео обраќање до украинските државјани, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, порача дека бранителите продолжуваат да „нанесуваат катастрофални загуби на руските војници“.

Зеленски рече дека бројот на соборените хеликоптери во Русија наскоро ќе достигне стотици единици.

„Тие веќе изгубија 80 воени авиони, стотици тенкови, илјадници друга опрема. За 19 дена руската армија загуби повеќе во Украина отколку во две крвави и долготрајни војни во Чеченија“, посочи тој.

Тој изјави и дека непријателот бил збунет бидејќи не очекувал таков отпор од украинските бранители. Покрај тоа, окупаторите почнаа да сфаќаат дека војната нема да постигне ништо.

„Тие веќе почнуваат да сфаќаат дека војната нема да донесе ништо. Нивните војници тоа го знаат, нивните офицери го разбираат тоа. Тие бегаат од бојното поле, ја фрлаат опремата. Ние земаме трофеи и ги користиме за одбрана на Украина. Руските војници денес се всушност добавувачи“, рече Зеленски.

Претседателот на Украина ѝ се обрати и на руската армија и им понуди избор – да загинат или да се предадат.

„Сакам да им кажам на руските војници, оние кои веќе дојдоа во нашата земја и кои допрва треба да бидат испратени да се борат против нас. Руски регрути, слушајте ме особено внимателно. Руски офицери – вие веќе разбирате сè“, рече Зеленски.

„Зошто да умрете? Знам дека сакате да преживеете. Во прислушуваните разговори слушаме што навистина мислите за оваа војна, за овој срам и за вашата земја“, додаде Зеленски.

„Затоа ви нудам избор. Во име на украинскиот народ, ви даваме шанса да преживеете ако се предадете на нашите сили. Ќе се однесуваме со вас како што треба да се однесувате кон луѓето, како што не ве третираа во вашата армија. Изберете!“, резимира Зеленски.