Две работи се сигурни за 11 милиони Бразилци – „дека еден ден ќе умрат и дека Земјата е РАМНА“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


,,Две работи се сигурни, дека еден ден ќе умрам и дека Земјата е рамна”, вели Бразилецот Рикардо, сопственик на ресторан во Сао Паоло кој ги собира бразилските „рамноземјани“ на заеднички собири и дружби.

Додека седи покрај моделот на Земјата рамна како палачинка, Рикардо признава дека луѓето претежно се смеат кога им кажува дека нивната планета е рамна.

60-годишникот поседува ресторан кој стана место за собирање на луѓе како него, оние кои го отфрлаат фактот дека Земјата е тркалезна.

Тоа е необичен, но изненадувачки голем клуб. Според анкетите, повеќе од 11 милиони Бразилци, или околу седум проценти од населението, веруваат дека Земјата е рамна.

Меѓу нив има познати личности, како што се писателот и новинар Олав де Карвајо или докторот по геофизика Афонс де Васконселос.

Но, бразилските „рамноземјани“ не се мистериозна и понекогаш параноична заедница која комуницира со шифрирани пораки на WhatsApp, затворени групи на Фејсбук и преку YouTube. Тие се слободни да ги претстават своите ставови и аргументи без страв од потсмев. Тврдат дека сите спротивни докази се плод на заговор.

Бразилците кои веруваат дека Земјата е рамна, претежно се мажи, честопати католици или протестанти и со релативно ниско ниво на образование. Тие велат дека образованието не треба да се меша со знаењето.

„Ние сме најпаметни, запишете го тоа“, вели 50-годишниот бизнисмен Андерсон Невес, посетител на ресторанот на Рикардо. „Малигната псевдо-наука ги труе образовните системи во светот. Тркалезната Земја е најголемата лага на човечкиот род и ја диктира глобалната елита“, убеден е Невес.

„Само погледнете во хоризонтот или качете се на планина и фотографирајте. Нема да ја видите Земјата заоблена“, објаснува тој. Тие не веруваат во вселенските фотографии, не се грижат за одговорите на научниците за гравитација, не им е грижа за нишалото на Фуко и за два милениуми астрономски набљудувања.

„Од времето на Галилео, со сигурност знаеме дека Земјата е тркалезна. И Грците го сфатија тоа пред 2000 години“, вели астрономот Роберто Коста од Универзитетот во Сао Паоло.

„Теоријата на рамна земја е прашање за психолозите, а не за научниците. Формата на Земјата не е научен проблем“, одлучен е Коста.

Но, еден од најпочитуваните негови противници во Бразил е Афонсо де Васконселос, геофизичар со докторат од Универзитетот во Сао Паоло. Тој го води каналот „ Вистинска наука” на Јутјуб, каде ги презентира своите идеи, проследени со 345.000 претплатници.

Минатата година беше организирана првата конвенција на бразилските рамноземјани, на која беа собрани неколку стотици луѓе во Сао Паоло. Нивната омилена цел е НАСА. Тие ја обвинуваат дека лаже дека се качиле на Месечината.

„Човекот никогаш не одел по Месечината. Тоа е направено во студио”, убеден е Рикардо.

Кога станува збор за сликање на сферичната Земја од вселената, Рикардо има подготвено прашање: “И каде е искосената Ајфелова кула?”