Петочна временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот мартовски петок во Македонија носи облачно време во претпладневните часови.

Попладне, претежно во западните и северните делови ќе има повремен дожд, само на највисоките планини врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој краткотрајно ќе засилува долж Повардарието и во крајните западни делови.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 1 степен, а дневната од 6 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 15 степени. Во Маврово , Охрид 11, Битола, Крива Паланка и Берово 12, Кавадарци 14, Дојран 17.

И во сабота ќе дува умерен, а на места повремено и силен ветер од јужен правец, а дневните температури ќе се движат од 11 до 17 степени.