Дури 67 милиони граѓани во САД дома не зборуваат на англиски јазик


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вкупно 67 милиони луѓе во САД не говорат на англиски јазик во своите домови. Овие податоци ги покажува најновото истражување кое вели дека една петтина од популацијата на САД кога се дома не зборуваат на англиски јазик. Студијата ја изработи Центарот за истражување на миграции, а се базира на пописот од 2017 година.

Според ова истражување, во државата Калифорнија има далеку најголем број луѓе кои не го говорат англискиот јазик, односно 16,5 милиони граѓани или 44 насто од популацијата на таа држава, пренесува Daily Mail.

Следат Тексас со 36 насто лица кои не зборуваат англиски кога се дома, па Њу Мексико, Њу Џерси и Невада.

Во градовите Њујорк и Хјустон 49 насто од луѓето не зборуваат англиски, а во Лос Анџелес тој процент е 59 насто, Чикаго 36 насто, Феникс 38 насто.

Најинтересна е ситуацијата во местенцето Хајли, на Флорида, каде 95 насто од жителите не говорат англиски.

Наместо англискиот јазик, најзастапен е шпанскиот кој го говорат 40 милиони од тие 67 милиони жители.

После шпанскиот, најзастапен е кинескиот со 3,5 милиони говорници, па филипинскиот тагалог со 1,7 милиони, виетнамскиот со 1,5 милиони, арапскиот со 1,2 милиони, исто и францускиот, а корејскиот со 1 милион говорници.