Папата Франциск доби „Vespa“ на подарок – еве што ќе прави со неа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Папата Франциск стана сопственик на бела „Веспа“ од група обожаватели на ова легендарно моторче.

Екипата на папата му подари „Vespa“ 50R од 1971 година, а подарокот му беше врачен за време на средбата со учесниците на настанот International Roma Caput Vespa Rally.

Скутерот папата како подарок го доби од клубот Vespa Club in Time, а прв го проба кардиналот Конрад Крајевски. Токму Конрад ќе биде задолжен за продажбата на овој модел на „Vespa“ на аукција, а собраните средства ќе бидат поделени на сиромашните.

Во Ватикан, во рамки на овој настан, беа паркирани повеќе од 600 „веспи“.